Соопштенија
Petkov
Проштална средба со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. г. Иван Великов Петков
Вторник, 14 Август 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Н.Е. г. Иван Великов Петков.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Претседателот Иванов го истакна интересот на Република Македонија за натамошно унапредување на севкупните односи и политичкиот дијалог со Република Бугарија.

Претседателот Иванов изрази очекување дека Република Бугарија и натаму ќе остане силен поддржувач и партнер на македонските интеграции во Европската унија и во НАТО.

Претседателот Иванов се заблагодари на амбасадорот Петков за неговиот севкупен ангажман и личен придонес во унапредувањето на односите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, и му посака успех во натамошните ангажмани.

KabinetPRM
Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на изјавата на г. Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ
Петок, 03 Август 2018

Најостро ги отфрламе тврдењата во изјавата на г. Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ, за кои сметаме дека се големи лаги и манипулација, со цел дефокусирање на јавноста.

Јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со неприфаќањето на штетниот грчки договор.

Реакцијата на македонскиот народ на вчерашниот ден точно покажа какво е неговото размислување кон погубната политика што ја води оваа власт за Република Македонија. Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ.

Претседателот Иванов никогаш не поттикнал меѓуверска и меѓунационална омраза. Напротив, заедништвото и сплотеноста коишто со децении се градени, сега се доведуваат во опасност, токму поради штетните политики и одлуки на оваа власт.

За тоа дали претседателот Иванов е достоен за функцијата што ја извршува, не се прашуваат политичките партии, туку граѓаните кои го избрале и кои го покажаа својот став на чествувањето на Илинден.

Претседателот Иванов, како и секогаш, така и во иднина ќе се води исклучиво од државниот интерес и интересот на граѓаните на Република Македонија.

KabinetPRM
Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
Четврток, 02 Август 2018
Palmer
Средба со г.Метју Палмер, вршител на должноста заменик-помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД
Среда, 01 Август 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Метју Палмер вршител на должноста заменик-помошник државен секретар во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија.

На средбата беше разговарано за актуелните политички состојби во Република Македонија и за натамошно зацврстување, збогатување и унапредување на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД.

Македонскиот претседател изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија, за добрососедските односи и регионалната соработка.

Претседателот Иванов посочи дека Република Македонија уште во 2008-та година ги исполни условите за членство во НАТО и сиве овие години активно придонесувајќи во НАТО мисиите, заедно со земјите-членки, Република Македонија го заслужува членството без дополнителни услови.

Во однос на постигнатиот договор меѓу владите на Република Македонија и Република Грција, претседателот Иванов истакна дека не прифаќа договор со кој се крши Уставот, Законите и се рушат државните институциите и претставува договор кој е на штета на македонските национални интереси.

На средбата, претседателот Иванов потенцираше дека одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион е од клучно значење за целиот европски континент.

PRM_Viorika__Romanija
Средба на претседателот Иванов со г-а Виорика Данчила, претседател на Владата на Романија
Петок, 27 Јули 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ja прими г-а Виорика Данчила, претседател на Владата на Романија.

Двајцата соговорници констатираа дека односите меѓу двете земји ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог.

На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во Република Македонија и во Романија и за предизвиците со кои се соочува регионот на Југоисточна Европа.  Претседателот Иванов потенцираше дека мирот, стабилноста и безбедноста на регионот се од клучно значење за целиот европски континент. За таа цел е неопходно јакнење на регионалната соработка и јакнење на меѓусебната доверба и поддршка, порача на средбата претседателот Иванов.

Двајцата соговорници разменија мислења за стратешките цели и надворешно политички приоритети на Република Македонија и изразија подготвеност за натамошно продлабочување на соработката на билатерален, регионален и мултилатерален план.

На средбата беа разменети мислења и информации во врска со можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држави, во сите области од заемен интерес, а посебен акцент беше ставен на потребата од јакнење на економската соработка.

 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 1 од 165